Организациониот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Петар Миовски, кој беше уапсен денеска заедно со уште неколку сопартијци, објави како ги третирала полицијата во полициската станица во Ново Лисиче.
Членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ беа уапсени поради наводно пишување на графити во Аеродром. Во станица на распит биле задржани четири часа.
Полицијата го обвинила Миовски дека го имало на камери како го пишува графитот, а тој тврди дека тој ден воопшто не бил во Скопје.
Крвави ти се рацете Заев!!!
Благодарност за поддршката од мојата партија, моите пријатели и револтираните граѓани! По 4 часа психичко малтретирање излегов од полициската станица во Ново Лисиче.
Утринава, четворица полицајци дојдоа во мојот дом да ме бараат затоа што во петокот некој напишал графит во Аеродром на кој пишува
“Крвави ти се рацете Заев!”. Јас во петокот не бев во Скопје туку на терен со моите сопартијци во Прилеп и Битола, ама тоа за криминалниот авторитарен режим е неважно.
“Знаеш ли ти кој е Зоран Заев, па така што пишуваш”, ми рече еден од полицајците во станицата. Да, го знам и крвави му се рацете иако јас не сум го напишал графитот. Ме лажеа дека ме имало на камера, иако потсетувам дека не сум бил ни во Скопје – напиша на Фејсбук Миовски.
Организациониот секретар на УМС кажа дека за оваа драма нема да им простат.
На крај се заврши, јас и моите браќа од УМС Аеродром излеговме од станицата, драмите со полиции по дома за една обична глупост и немирот и траумите низ кои поминуваа нашите семејства кои гледаа како не третираат како најголеми криминалци, а не млади луѓе кои се борат за подобар живот во Македонија – нема да ви ги простиме.
Не ви се плашиме!
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија! – стои во постот на Миовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.