Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници, пренесува „Сакам да кажам“. Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на aеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било спречено да се качи на авион.
Во Комисијата за заразни болести велат дека станува збор најчесто за иселеници, повеќето од нив и со двојни државјанства, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави и потоа се враќаат на работа во Западна Европа, бидејќи со дозвола за преестој за нив не важат рестрикциите.
Повеќе на „Сакам да кажам“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.