Каде е Сашо Мијалков по кого е распишана потерница. Се чини во обид да се избегне одговорност поради бегството на Мијалков, секој дава своја теорија, свое мислење и тврдење.
Во изјава за ТВ21, обвинителката Вилма Рускоска рече дека според нејзиниот извор, Мијалков ја напуштил земјата во близина на Куманово, пеш низ зелената погранична област.
„Изворот ми рече дека Мијалков ќе ја напушти земјата преку зелениот простор на граничната точка во Куманово“, изјавила Русковска.
Наспротив ваквата изјава за ТВ21, обвинителката Рускоска за помалку од 24 часа имаше три интервјуа во кои таа вели дека Мијалков се уште може да биде во нашата земја.
Денеска пак министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се уште е во државата.
Според сите наши анализи и проценки сметаме дека се уште е во државата и дека не ја напуштил Република Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков во овој момент, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата, изјави Спасовски на денешната прес-конференција.
Знаат ли надлежните што изјавуваат? Имаат ли некаква поткрепа нивните тврдења или пак кому што му паднало на памет тоа изјавува? Се обидува ли секој да се спаси на свој начин за да не понесе одговорност за резилот за кој цела Македонија бара оставки?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.