Споредбата покажува дека сега одѕивот до 11 часот е повисок отколку на 17 октомври
Во повеќето општини е забележана поголема излезност во првите два час од денешното гласање во вториот круг, а во споредба со одѕивот во тој период во првиот круг пред две седмици.

Во дел од општините во внатрешноста, денеска до 11 часот, е забележана повисока излезност отколку во скопските општини.

На ниво на државата, излезноста во првите два часа од денешното гласање беше околу пет проценти, додека во тоа време имаше општини во кои одѕивот стигна и до 15 отсто (Ранковце) или над 9 отсто во Пехчево, Зелениково, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Ресен…

Aнализата на Сител покажува значително зголемување на излезеноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.