Златко немаше шанса да преживее во целосно дехуматизирана држава која е во служба само на две-три фамилии олигарски и една етнички обоена политичка елита, коментира актерот Сашо Тасевски по смртта на Златко Божинов, овчарот кој почина откако лекарите пет часа го носеа на носилки на раце, зошто сите служби се прогласуваа за ненадлежни.
Златко немаше шанса. За Златко немаше спас. Замислете ја таа драма. Мајка му цела ноќ го топлела со своето тело да не смрзне по колапсот. Големата мајка. Ама немаше спас за Златко, зашто немаше хеликоптер да го пренесе до болница. Хеликоптерот е строго наменски. Кога треба Филипче и Заев да се сликаат низ Прилеп и да тераат кампања за локални. Ама за Златко немаше. Немаше ни теренско возило од Центарот за кризи или било која друга институција, град Кратово, полиција…
Златко беше осуден на смрт. Буквално. Осуден од државата. Каков пораз е ова. Да знаеш дека и ТИ можеше да бидеш на местото на Златко. Ќе немаше спас и за тебе. И утре ако истото ти се случи, знај дека си осуден на смрт. Како Златко.
И пак, по којзнае кој пат последниов месец таа држава, нејзини луѓе на чело на споменатите институции одбиваат да преземат одговорност.
А сме гледале илјада странски документарци во кои за да се спаси животот на еден човек се ангажирале стотици луѓе, опрема, механизација, хеликоптери… За животот на еден човек.!
Ама не и за Златко. Зашто нема држава. Таа е целосно дехуманизирана зашто е во служба само на две три фамилии олигарси и една етнички обоена политичка елита. Златко мораше да умре во таква држава. Немаше шанси.
Како и сите ние.
Се е само празно надевање дека некогаш ќе биде подобро. Нема. Нема шанси, коментира Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.