Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре“!!! Овие трогателни зборови, додека и’ гледал на смртта во очи, ги изговорил еден од 12-те стрелани младинци од Ваташа, во виорот на НОБ. Моментот што точно по 77 години од овој фашистички злостор, некој се обидува да ја осквернави нивната саможртва, дадена за слободата на својата Македонија, не’ однесе пред паметникот на младинците – скоевци, подигнат во нивна чест уште во далечната 1961 година, вели во репортажата на „Алфа ТВ“.
Актуелните политички обиди да се искриви историјата, и премногу ги вознемирува и револтира ваташани. Тие немаат никакви дилеми за тоа кои биле оние што од тогашната селска меана, каде дванаесетте младинци ги воделе своите младешки разговори, ги собрал и ги однел директно на стрелање. Велат, тоа не се заборава.
„Дилема, нема. Се знае кои се. Бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна, по окупирањето на Македонија. Администратори не биле, нема ни да бидат. Може да ја извртуваат историјата, ама се ќе си дојде на своето место.“, вели еден граѓанин.
„Бугарите се фашисти. Нема од што тие да се бранат. Тоа било порано и треба да си го признаат. А нашите, доста виткање кичма. Доста веќе…Достааа…“, објаснува една кавадарчанка.
„Јас таму чичко имам загинато. И како ги отепале, од дома ги земале, ги однесле во кафаната. Таму ги мачеле што ги мачеле, па горе ги однесле. И после еден по еден..пукале во нив…Ми е тешко, како не ми е тешко…“, ни посочи внука на еден од стреланите.
„Дедо ми ми кажуваше кога оделе 17 аргати, 12 истепале и му рекле, затани малку, а му рекле да ги сликаат децата. Од друга страна, какво сликање..Ги тепат..Тие што не умреле, после се отепани на реката. Со нож се избодени“, видно вознемирен раскажува еден повозрасен жител на Ваташа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.