Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива За наше Куманово Максим Димитриевски, вечерва беше на средби со граѓаните од населбата Средорек и локалитет Прмакови ниви.
Во Средок, Димитриевски беше пречекан од огромен број на граѓани кои му ја дадоа поддршката за победа на локалните избори.
Овие жители не заборавија дека во негов мандат се асфалтираше целата населба и се реконструираше фекалната канализација. Граѓаните од Средорек грижата и вложување за подобра општина ги ценат и најавија дека на 17-ти октомври следува голема победа на Максим Димитриевски.
На средбата на локалитет Прмакови ниви, Димитриевски и жителите заеднички разговараа за потребите на граѓаните и ја презентираа изборната програма која има за цел да го подобри животот на граѓаните во Куманово.
Во следниот мандат ќе бидат реализирани над 800 проекти од инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, инклузивноста, спортот, културата итн.
Забрзано работиме за наше европско, чисто, модерно, За наше Куманово. За подостоинствен и поквалитетен живот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.