Дали партиската тупаница на власта во битолско Новаци во предизборие, започна да ја покажува својата сила? Така барем може да се рече според она што го снајде Јован Пецуровски со неговото семејство во кое има две непркнати дечиња.„ Алфа ТВ“ објавува дека тој е дојденец од Радовиш и досега работеше во фирмата подизведувач “Ремонт“ во РЕК “Битола“. Меѓутоа, откако деновиве на кровот од својата куќа го поставил знамето со сонцето од Виргина, како што вели, добил закани од новачкиот градоначалник Љубе Кузмановски, а потоа ја изгубил работата.
-Се мачев и менував фиорми, а сега последно откако го кладов знемето на куќата, јас останав без парче леб. Градоначалникот истата вечер ми прати човек и човекот ми рече знамето да го тргнам сместа оти така рече градоначалникот. сабајлето станав и со жената сипиевме кафе, а истиот човек дојде и ми рече дека градоначалникот те вика на разговор. Појдов на разговор, се поздравивме и го прашав што е работата. Тој ми рече, Јован зошто го ставаш знамето и ме страмиш, плус на фејсбук имаш напишано статус. Му реков дека немаше да го напишам, ама поради тоа знаме останав без работа- рече Јован Пецуровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.