Водач на месна заедница на Леуново бил згазен од багерист затоа што протестирал против бетонизирањето на околината околу Мавровското езеро во блзиина на хотелот Радика, каде што е забрането да се гради.
Жителите на Леуново, Маврово, Никифорово и Маврови Анови во меѓувреме најавуваат протести против, како што велат, дивоградбите во ова природно подрачје околу вештачкото езеро, а ќе бараат ревизија и мораториуми на Деталните урбанистички планови.
Првиот човек на локалната заедница пријавил во полиција дека багерист сакал да го прегази по наредба на човек од обезбедувањето на објектите кои треба да се уриваат. Од полицијата го потврдиле инцидентот и соопштија дека го информирале обвинителството за да преземе постапки од нивна надлежност.
На 29 октомври 2021 година во 14 часот и 45 минути В.Л.(61) од гостиварско Леуново во СВР Тетово пријавил дека по претходна вербална расправија за градежна парцела во ова село, на која се изведувале градежни активности, во два наврати бил турнат од работна машина (багер) што ја управувал С.Т. На туркањето му претходело инсистирање од В.Л., во својство на претседател на Месна заедница Леуново, багеристот да покажел градежна дозвола, но лице од обезбедување наводно му кажало на багеристот да го прегази доколку им ја попречува работата. Известен е Јавен обвинител и разговарано е со сите лица инволвирани во случајот, соопштија од МВР за Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.