Школскиот зимски распуст за учениците во основно и во средно образование ќе биде како и секоја година, во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска беше во посета на Битола.
Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие.
Оваа година, поради пандемијата со ковид-19 учебната година наместо на 1 септември, почна на 1 откомври, а наставата се одвива со физичко присуство за учениците до трето одделние и онлајн, за сите останати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.