На седница на 25 декември оставка ќе понуди лидерот на партијата АА, Зијадин Села, но не се знае дали ќе биде прифатена од партиските структури, пишува.„Слободен печат“.
Господин Села е принципиелен. И во 2020 година, по парламентарните избори, на партиските структури им понуди оставка, но не беше прифатена. И овој пат мислам дека ќе го направи истото, но не се знае дали ќе биде прифатена – вели партискиот извор за Слободен печат.
И Таравари смета дека Села треба да продолжи како лидер на АА, но додава дека Конгресот е отворен и секој може да се кандидира за претседател.
Кој и да победи, ќе му честитаме и ќе го поддржиме, а ние ќе продолжиме со работа – рече Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.