Зијад Беќировиќ, основач на институтот ИФИМЕС во Љубљана е нов советник на премиерот Зоран Заев. Од Владата не го соопштуваат хорорарот кој му се исплаќа на Беќировиќ, ниту пак до кога ќе трае ангажманот.

Според словенечките медиуми, овој таканаречен институт во најмалка рака е контроверзен, бидејќи се поврзува со водење платени политички кампањи преки таканаречени аналитички текстови.

Во новиот список за надворешни соработници ги нема професорот Мерсел Биљали, професорот Ванчо Узунов, новинарот Ѓорги Калајџиев, Митко Андреевски кој беше претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ, и професорот Александар Спасов, кој премина во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На новата листа е останат Зијад Беќировиќ, како советник за економски прашања за соработка со земјите од регионот. Беќировиќ, инаку е еден од директорите на ИФИМЕС, кој, исто така, е додаден во новиот список на надворешни соработници. Таканаречениот институт, инаку, на парламентарните избори во 2016 година отворено се стави на страната на СДСМ на Зоран Заев.

Како што своевремено објави сараевсникот весник „Дневни аваз“, Беќировиќ е под надозр на словенечката полиција заради тесни врски со „радикални исламски кругови“, по што тој навидум се повлече од челната позиција во „институтот“.

Кон крајот на агуст словенечката телевизија „Нова 24“ објави и дека сега притворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева и дека Институтот ИФИМЕС (International Institute for Middle-East and Balkan) со седиште во Љубљана, инаку мошне активен на секои избори во Македонија, ѝ доделил на специјалната овинителка признание, како што објави телевизијата, за „најдобар обвинител на Балканот“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.