Во Чаир, кандидатот на ДУИ за премиер се сретна со наставниците пред кои ја образложи изборната програма од областа на образованието. Зибери вети дека ќе создаде можност секое дете да биде вклучено во системот на предучилишно образование и да ги подобри условите во образованието.

Ветувам дека ќе дадеме се од себе за да се подигне вашиот економски и социјален стандард воопшто. Да имаме посебна почит, ветувајќи дека минималната плата за вработените во основното образование ќе се зголеми на најмалку 600 евра, рече Зибери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.