Новиот пратеник од ДУИ, Арбен Зибери, воедно и внук на кандидатот од таа партија за премиер, Насер Зибери, денеска со џипот удри во металната ограда поставена од полицијата пред македонското Собрание, откако нервозен го напушти Парламентот.
Снимка од настанот на својот профил на друштвената мрежа „Фејсбук“ објави „Лајм тв“.
Зибери беше директор на Институтот за јавно здравје – Скопје, но беше разрешен од страна на министерот за здравство Венко Филипче, зошто на митинзи се фалеше дека како дел од Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите, за албанските исселеници да можат да се вратат и да гласаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.