Дел од лицата родени во Република Македонија пред прогласување на независност на државата во 1991 година се уште не го решиле проблемот со државјанскиот статус, а притоа континуирано живеат во земјата заедно со семејствата во нивните домови и имоти, што претставува своевиден апсурд при еднакви услови и околности некои членови на семејството да поседуваат државјанство, а некои со години да не можат да го остваруваат ова право, констатира народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година.

– Кон оваа категорија граѓани е направена неправда која треба да се надмине и реши со измена на Законот за државјанство, согласно стандардите и принципите на Европската конвенција за државјанство. Согласно оваа Конвенција почитувањето на семејниот живот претставува основна темелна вредност, исто како што е прокламирано и во членот 8 од Европската конвенција на човекови права и слободи. Според Европската конвенција за државјанство, земјите на Советот на Европа при одлучување за државјанство, особено треба да водат сметка за вистинската и ефективната врска на засегнатото лице со државата, истакна Зибери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.