Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери вчерa од тривината во Куманово изјави дека се залага за суштински реформи во државата.
Вистински реформи за да ги надминеме проблемите. Реформите нема да бидат само на хартија, туку ќе значат подобар живот за сите, рече Зибери.
Според него, многу значајно е решавањето на проблемите околу владеење на правото и борба против корупцијата.
Мора да ја вратиме довербата на граѓаните во однос на владеење на правото, дека законот еднакво важи за сите, а тоа ќе можеме со еден инструмент кој се применува и дава резултати. Ние нема да откриеме ништо ново, ветинг и ветинг, порача Зибери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.