Директорот на Институтот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери за „Слободен печат” тврди дека семејството на покојникот кој починал во една приватна клиника, не сакало да соработува со епидемиолозите и да се тестира, иако на погребот имало околу 200 присутни луѓе.
Тој додава дека осум лица од медицинскиот персонал на приватната болница се во изолација поради контакт со пациентот кој почина, а кај кого посмртно беше дијагностицирано присуството на ковид-19.
На погребот имало 200 луѓе. Никој од нив не е пронајден ни тестиран ни самоизолиран, додаде Зибери за „Слободен печат“.
Претходно и министерот Венко Филипче соопшти дека епидемиолозите имаат сериозен проблем семејството на починатиот скопјанец.
Многу беше тешко да се пристапи до семејството, кое апсолутно одбивало контакт со епидмиолозите, како за организирање на погребот така и во однос на давање податоци за контактите и присутните на погребот, изјави Филипче.
Лицето починало завчера во приватна болница, по што семејството го зело од болница и го погребало според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат протоколите за ковид-19. Отпосле дознале дека посмртниот тест за коронавирус излегол позитивен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.