После локалните избори можно е ново парламентарно мнозинство. Ова го најави претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села во рамки на изборната дебата во Економски магазин во Алсат телевизија. Според него, после 17 октомври, СДСМ и ДУИ ќе го загубат легитимитетот од граѓаните.

Ново парламентарно мнозинство по изборите е можно, затоа што СДСМ и ДУИ ги губат изборите и со тоа губат секаков морален кредибилитет
да продолжат да владеат со народот. Од нив власта ќе биде одземена со глас, на денот на локалните избори. И секако дека очекувањата на опозицијата се да има нова Влада.

Села најавите на премиерот Зоран Заев за проширување на парламентарното мнозинство и евентуално отцепување на Алтернатива од коалицијата ги опиша како страв на премиерот од губење на власта.

Тој за да спречи празнење на владиниот базен, се обидува да каже дека ќе го полни уште повеќе. Јас не можам да зборувам за другите. Апсолутно јас немам право да зборувам во име на некој претседател на друга партија. Со Алтернатива ние имаме коалиција и никого не сме земале во заложништво.

Села зборуваше и за отстранување на 20% од Уставот.

Никој нема право на друг преку уставна дефиниција или закон да наметне одредница со бројка или да негира јазик. Наметнати дефиниции, ова е идејата на Уставот.

Зборувајќи за анкетите, според Села, внатрешните анкети на Алијанса и Алтернатива покажуваат дека опозициската коалиција ќе биде победник во повеќето албански општини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.