Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, најави зголемување на дотацијата за секое новороденче од сегашните 3.000 денари на 6.000, а самохраните родители кои примаат плата помала од просечната ќе бидат целосно ослободени од плаќање за згрижување на нивните деца во градинките.
Покрај тоа, Костадинов ветува и еднократна финансиска помош за секое семејство кое ќе запише прваче во училиште.
Во објава на Фејсбук, Костадинов вели дека во следниот период ќе је запознае јавноста за сите други мерки од кои директна корист ќе имаат граѓаните, а за 2022 година најавува дека ќе биде посветена на многу проекти, активности и мерки со цел подобрување на секојдневието на струмичани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.