Почина Ивица Цековски, извршен директор на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Неговото заминување беше ненадејно, неочекувано.
Ивица Цековски имаше кратка, но плодна кариера. Роден на 28 август 1985 година во Крива Паланка.
Додипломските студии по медицина ги завршил на Медицинскиот факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со диплома магистер на науки по јавно здравство се стекнал на меѓународните студии предводени од „Институтот за меѓународно здравје и развој“, на Универзитетот „Кралицата Маргарет во Единбург, во Обединетото кралство (Institute for International Health and Development, Queen Margaret University – Edinburgh, UK) и од Кралскиот тропски институт, на Универзитетот во Амстердам, Холандија (Royal Tropical Institute, VU University Amsterdam, The Netherlands).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.