Жестока дебата во студиото на ТВ21 меѓу кандидатите за градоначалник на Општина Куманово, Оливер Илиевски и Максим Димитриевски.
Тие вечерва излегоа со тешки обвинувања. Едно од нив е и за тоа кој ја поскапил водата.
Дали вие го испративте овој документ?… Видете го, Оливер Илиевски пишува… Значи го имате ова испратено во Скопје, со барање до Регулаторна комисија каде што барате двојно да им се покачи цената на кумановците за водата. Срамота, вели Димитриевски.
Од друга страна пак, Илиевски вели дека откако тие ја намалиле цената од 6,4 денари по метар кубен на 3,2 денари, во истиот момент Димитриевски реагирал со одлука за зголемување на цената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.