Андреј Жерновски, екс-заменик министер за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека се прави се за да не се дојде до вето и смета дека со умна стратегија, може да се постигне договор.
Ќе ги користиме сите можни орудија што ни се на располагање, за да дојдеме до решение. И да се случи вето, нема Б план ќе продолжиме да разговараме. За идентитетот и јазикот не се разговара тоа прашање е затворено.“ – рече Жерновски.
Потенцираше дека стратегијата е разговор и до решение се доаѓа преку разговор и да се види што и пречи на другата страна. Идентитеските прашања остануваат затворени и за тоа нема да се разговара како што и потврди премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.