Екс градоначалникот на општина Центар, и поранешен заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Желзничка инфраструктура, дознава ТВ21.
Во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ.
Се очекува следните недели Владата да го предложи на УО, а потоа Жерновски да биде избран за нов директор на МЖ инфраструктура.
Уште еден заменик министер од минатата влада ќе биде директор на ЈП. Станува збор за Јани Макрадули, кој што беше заменик министер за животна средина, и поранешен потпретседател на Собранието, кој во иднина ќе раководи со ЈП Македонски Пошти.
Досегашаниот директор на ова претипријатие, Ејуп Рустеми, во иднина ќе раководи со ЈП државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.