Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски беше контролор на избирачко место на Кале, односно во средина каде живеат и Македонци, Албанци, Роми и Турци.
Морам да истакнам дека сите безбедносни протоколи се почитуваат. Членовите на избирачките одбори носат заштитна опрема и седат на пропишаното растојание. Гласачите носат заштитни маски. Со дистанца на влезот на гласачкото место, се гласа трпеливо според принципот еден-по-еден, при што рацете се дезинфицираат пред и по гласањето. Честитки, така треба. Да покажеме и докажеме сите дека знаеме и умееме, посочува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.