Повозрасна жена од гостиварското село Горна Бањица починала синоќа како последица од компликации предизвикани од коронавирусот. Таа и нејзиниот супруг беа последните два случаи со позитивен тест во општина Гостивар. Жената подолго време боледувала од карцином, а пред два дена била хоспитализирана заради влошена состојба. Засега официјално, во општина Гостивар има двајца закрепнати од болеста Ковид-19.
Утрово во информацијата од здравствените власти испратена до градоначалникот на општината наведено е дека нема новорегистрирани, а до денеска, активни се три случаи. Меѓу нив се сопругот и синот на починатата. Во гостиварскиот центар за јавно здравје направени се вкупно 212 тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.