Владата на денешната седница назначи нов директор на Државниот пазарен инспекторат, откако пред еден месец го разреши Стојко Пауновски.
За вршител на должност е назначена поранешната пратеничка од СДСМ, Анета Симеска Димоска.
Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието – стои во владиното соопштение.
Денеска е избран и заменик на директорот на Агенцијата за администрација.
Владата на Република Македонија ќе му предложи на Собранието на Република Македонија за заменик на директорот на Агенцијата за администрација да го именува Агрон Сефери, а на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, му препорача за вршител на должност заменик на директорот, да биде реизбран Самка Ибраимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.