Водачите на земјоделските протести му одговорија на Димков дека Владата ветуваше дека оризовата арпа ќе се откупува за 25 денари, а белиот ориз за 60 денари, но после 3 години останаа само ветувања.
По денешната прес конференција на министерот за земјоделство Трајан Димков дека се исплатени субвенциите и се реализирани барањата на земјоделците кои во саботата протестираа пред владата, се јавија и оризопроизводителите со реакција.
Оризопроизводител Драгољуб Гаврилов вели дека субвенциите за оризот требаше да бидат исплатени до мај месец, бидејќи се пресметани во фискална година за 2018-та, но биле исплатени после 6 месеци во крајот на октомври.

Најголемиот револт на оризопроизводителите доаѓа од ветувањата на оваа влада пред да дојде на власт, затоа што ветила дека цената на оризовата арпа ќе биде 25 денари, а на белиот ориз 50 денари минимум. Од тие ветувања нема ништо затоа што сеуште оризовата арпа се откупува од 13 денари до 18 денари, а белиот ориз од 40 до 45 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.