Кога веќе започнавте со сериозните реформи и решивте дека треба да ја укинете историја, географија, кога решивте дека тоа е основното што смета на образовниот процес и треба да го подобрите, предлагам да ги укинете и телевизиските канали што ја прераскажуваат светската историја предлагам и каналот за географија да биде укинат, им предлага генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на власта и на претседателот Стево Пендаровски.
Но, најзначаен предлог до власта, ако не се сетиле до сега, е да земат сите артефакти од музеите и депоата да ги стави на некои од многуте археолошки локалитети, нека е во близина на Битола, бидејќи тука работат фирмите на Заеви, нека земе некоја поголема машина која работи во близина од една или повеќе од фирмите на Заев и нека ги уништи сите докази дека постоела цивилизација на овие простори. Нека земе книгите од универзитетска библиотека од архивот нека ги запали, нека ги стави најдобро нив на плоштад. Што е следно музиката македонската, нека ја забранат нека ја нема и неа, тогаш ќе бидеме реформирани комплетно. Знам дека имаме мудра влада не траба препораки тие смислиле се!, пишува Сајкоски.
Продолжува дека тогаш владата може да ги искористи своите капацитети да почне да уништува сè што е наше наследство бидејќи Пошта е при крај, Железници, термоелектрани, шумите нека ги сечи уште повеќе и повеќе без план и со силна подршка од власта, езерата нека ги исцеди до последна капка нема се што е во сопственост на државата нека уништи сè.
Салите спортски нека ги пренамени во производствени капацитети за марихуана а стадионите нека ги изора. Кога зборуваме за моделите и кој модел го користела оваа власт можам да кажам господа вие сте прототип нема никаде во светот ваква влада и претседател. Влада која носи срам за својот народ. Но мислат ќе им остане само буџетот што го собираат од граѓаните но тоа е за кратко бидејќи и тој ќе го нема за следната година оти нема од каде да се собираат пари ништо не ви работи само криминалот ама тој не ви е оданочен. Затоа господа од власта пакувајте се полека затоа што за брзо ќе си одите, им порача Сајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.