Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска вероисповед кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар да им го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом.

Бог не учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици.

Во овие тешки мигови за човештвото, повеќе од кога било до сега ни е потребно заедништво и солидарност. Да се спротивставиме на злото и да си помагаме. Живееме тешко време, луѓето минуваат низ животни трагедии и сериозни искушенија. Можеме да победиме ако сме свесни за потребата од заедништво и менување на работите. Да го победиме вирусот и да продолжиме нормално со животот.

Нека е за многу години Велигден!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.