И политичкиот аналитичар Арсим Зеколи смета дека снимките од руските комичари се доволна причина за оставка на премиерот Заев.
Заев има легалистичка основа да се смета за Премиер и понатаму. Според уставот, изборите, законите итн. Но по сите скандали кои му се случуваат под нос, прашање е дали тој има морално право да се смета за легитимен Премиер со легитимно право да носи одлуки во име на државата.
Очекував дека на денешната прес-конференција ќе смогне сили и поднесе оставка и повика на вонредни избори. Со што би го превзел првиот чекор за реставрација на руинираната легитимност.
А оние кои итромански ги величаат итроманските правдања, би требало да подразмислат за последиците. Овие преседани кои ги користат за добро на нивниот лидер, не сто, туку 102,5% ќе бидат масивно користени од оние кои ќе го наследат. Поради нив, сите ќе сносиме последици.
Со неподнесување оставка и небарање оставки од соработници, ЗЗ јасно дава до знаење дека е свесен дека веќе никогаш ниту тој ниту соработниците нема да примирисаат до власта. Така, да … удри додека можеш.
На денешната прес-конференција премиерот рече дека овие снимки не се причина тој да поднесе оставка, зошто тој е само жртва на структури кои сакаат да му наштетат на нашата евроатлантска перспектива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.