Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи денеска порача дека е подготвен за протести од 2 септември, па натаму. Битно е да се разбие молкот, порача Зеколи.
Спремен за протести. Било каде, само не пред ружната влада. Пред партијски седишта, пред амбасади, на улица. Од 2 септември, натака. Не е битно колку, не е битно кој ќе повика. Битно е да се разбие молкот, пишува аналитичарот.
Неодмна протести најави и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој порача дека „едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека било што ќе се подобри“.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев неодамна рече дека како партија ги разгледуваат сите можности кои се во рамки на демократските принципи и вредности – демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.