Обидот на Али да го банализира Рекет на ниво на припроста алчност заслужува внимание, смета политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, по изјавата на лидерот на ДУИ дека последните настани и случајот „Рекет“ не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.
Настрана што наликува на ишкање мува од капа и бегање од одговорност за ДУИ муви во правосудството, изјавата е повод за промислување за мотивите во позадина. Кои сепак се политички, вели Зеколи.
Зеколи потенцира дека од сите прашања кој, кога, каде, зошто, единственото неодговорено прашање е последното – зошто?
Која била финалната цел на Рекет? Алчноста е мотив за еден лик, но кога се вклучени повеќе од две лица, тоа се смета како Заговор. Посебно доколку Владата е дел од заговорот, вели аналитичарот, коментирајќи го делот од изјавата на Ахмети во која вели дека во „Рекет“ станува збор само за личната алчност на поединци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.