Според секоја логика на нештата, влада која во нецели триесет дена ќе демонстрира целосна неспремност во справување со масивни пожари; ќе ѝ се случи разузнавачко дипломатски скандал кој минува низ рбетот на државата од самиот врв на Водно па сѐ до обични службеници во МНР; среде пандемија ќе изгорат четиринаесет живи луѓе – неминовно би требало да си даде оставка, биде срушена институционално или преку масовни протести, пишува политичкиот аналитичар Арсим Зеколи во неговата последна колумна за „Дојче веле“.

Но, додава тој, Владата предводена од Зоран Заев и Артан Груби нема намера, не чувствува морална обврска или политичка одговорност за редицата мега-потфрлања и скандали. Попусти се сите протести, попусто се прашуваме зошто народот не излегува на улици и до кога најголемите поддржувачи на оваа врхушка ќе толерираат да во име на макро политики се премолчува крвавата цена плаќана од микро човечки судбини.

Двоецот Заев-Груби денес нѐ соочува со нов вид на отуѓеност и бесрамна ароганција на владеење, надминувајќи ја дрскоста на двоецот Никола Груевски и Муса Џафери. Доколку тоталитарното владеење на вторите се засноваше врз паралелно ривалство и содејство на два национализми, поведенијата на денешниот двоец е класична демонстрација на социјален шовинизам на привилегираните на сметка на растечката сиромаштија. Но доколку дури и во кабинетот на Груевски ќе се најдеше некој кој во час на бес или очај ќе ја признаеше абнормалноста на власта која лапа чоколада на сметка на леб, очигледно е дека такви нема да најдете во опкружувањето на Заев. Заклучокот не се однесува единствено на најблиските политички и административни кругови околу премиерскиот кабинет, туку и на поширокото опружување во медиумите и невладиниот сектор, пишува Зеколи.

Целата колумна тука 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.