Премиерот во заминување, Зоран Заев во коментар на изјавата на потпретседателот на опозициската партија, Мухамед Зекири, кој рече дека не сака коалиција со ДУИ, истакна дека во владејачката партија има други луѓе кои сакаат коалиција со ДУИ. Премиерот во заминување додаде и дека коалицијата со ДУИ е стабилна и несогласувањата се решаваат.

Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ. Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција – рече премиерот во заминување Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.