Jас и мојата фамилија сега сме живи и здрави и сме дома, соопшти потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој заедно со сопругата и тримесечната ќерка беше заразен со Kовид-19 и хоспитализиран.
На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сè уште имаат несериозен пристап кон Kовид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себеси, блиските и други недолжни луѓе! Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател, пишува Зекири.
Во неговата објава тој им се заблагодарува на докторите и на останатиот медицински персонал од Инфективната клиника, кои, како што вели, се жртвуваат за пациентите и продолжуваат да го прават тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.