Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека:
За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење, соопшти потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на „Фејсбук“.
За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого.
Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот.Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, напиша Зекири.
Оваа реакција доаѓа по денешната прес-конференција на која лидерот на партијата и негов кум, Зоран Заев, рече дека Зекири се заразил на ифтар.
Дали Зекири навистина до крај ги почитувал мерките и како што тврди не одел во посета, или ја лаже јавноста, не е толку битно, колку што е битно да не ги лаже епидемиолозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.