Со статус на кој ја тагна министерката за правда Рената Дескоска, пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја и дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев.
Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отварање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!!
Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро.
Неговиот коментар следи откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, на социјалната мрежа објави фотографија како го потпишува указот на Законот за јазици и соопштува дека го испратил во Службен весник, со што Законот треба денеска да стапи на сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.