Со чесни исклучоци, СДСМ го собра моралниот џган на етничките Албанци во Македонија, пишува денеска на својот профил новинарот Арменд Нухиу од Тетово.
Мислам дека сограѓаните Македонци-членови на СДСМ, не се ниту свесни дека Мухамед Зекири, Едмонд Адеми, Кланот од Грчец, кланот од Арачиново, и останатите, не се луѓе со кои се идетификуваат ниту албанските интелектуалци, ниту еснафите. И дека таквите луѓе немаат никакво влијание меѓу албанскиот народ овде. Дури и во социјализмот немаше вакви луѓе во тогашниот Сојуз на комунисти. Така што ако СДСМ како граѓанска партија цели на албанското гласачко тело, верувајте-ова не е тој пат. Напротив, ова е стратегијата која од СДСМ кај огромно мнозинство Албанци ќе направи противник на СДСМ. Ова сфатете го најдобронамерно, од човек за кого Македонија е единствена сакана држава, пишува Нухиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.