Поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, кој најави кандидатура за партиски лидер, но подоцна се предомисли, тврди дека неговото појавување не е со цел да влезе во фаза на преговарање за позиција во идното сдсмовско раководство.
Почувствував еден внатрешен порив. Јас со години работам во таа партија – рече Зечевиќ на Канал 77, додавајќи дека редовно се гледа со заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој е еден од тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев.
Според него, за поразот на СДСМ на локалните избори има повеќе причини – државна политика, локална политика, неквалитетни, нестручни кадри кои вршеле функции итн.
Апсолутно беше погрешно вадење на ЛДП и ДПМ од аспект на водење на кампања и коалиција. Да одлучував, немаше тоа да го дозволам. Реално тоа се покажа на резултатите. Постои клонирано незадоволство на граѓаните, треба да најдеш начин тоа да го канализираш – рече Зечевиќ.
Тој истакна дека после подолго време се видел и со Заев, кому, како што посочи, му рекол да остане на позициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.