Откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта дели хуманитарна помош на ранливи категории на граѓани во Струмица, а со тоа врши изборен поткуп, реагираа од Здружението „Сите заедно можеме“. Александар Марковски член на Здружението, на својот профил на Фејсбук порача дека хуманитарната акција била уредно пријавена и дека во време на пандемија, кога не се знае кога ќе има избори, ваков тип на акција не може да се смета за изборен поткуп.

Ние како невладино здружение за хуманитарни цели Сите Заедно Можеме, постојано ги повикуваме сите политички партии, сите правни и физички лица кој имат можност да донираат прехрабени и останати продукти согласно своите можности а во знак на солидарност со своите сограѓани. Идеата за функционирање на здружението беше и е да не се политизира здраствената криза но за жал една политичка партија покрај тоа што не даде никаков придонес постојано врши опструкции преку својот министер за внатрешни работи со цел да ја спречат хуманитарната акција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.