Здружението на судии бара почитување на мерките на владата но и одлагање на рочиштата што не се итни и неодложни:

По претходно информирање на члeновите на Управен одбор од страна на Претседателот на Здружение на судиите на РМ, за реакцијата на дел од подружниците за потребата од доследно почитување на утврдените мерки од страна на Владата на РМ, во однос на корона вирусот, Управниот одбор заклучи, Здружение на судиите да побара од Судски совет и Врховен суд на РМ, да преземат соодветни мерки за целосно почитување на Мерките на Владата на РМ преку конкретни активности:

1. Да се донесе одлука за одлагање на закажаните рочиштата,

2. Да се судат само итните и недоложни предмети,

3. За судиите кои ќе ги судат итните и неодложни предмети да се обезбедат соодветни мерки за заштита, согласно Протоколите утврдени од страна на Министерството за здравство и Владата на РМ – стои во известувањето од Здружението на судии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.