Лекарите од примарното здравство имаат преголем притисок од исплашени пациенти.
Како лекарска фела бараме од пациентите да ја смират целата ситуација и да се направи добра тријажа-распоредување и групирање на болните во групи според природата на болеста – вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.
Таа порачува пациентите кои имаат сезонски настинки да седат дома и да добијат информации по телефон, а рецептите да ги земе некој член од семејството.
Оние кои се потешки случаи мора да бидат прегледани. Сите болести не можат да се лекуваат преку телефон, туку мора да има лекарски прегледи бидејќи имаме пациенти и со мозочни удари и инфаркт – вели Чолакова Дервишова.
Таа апелира граѓаните кои немаат симптоми на Ковид-19 да не се тестираат.
Чолакова Дервишова информира дека претставници на здружението на приватни лекари деновиве оствариле средба со министерот за здравство Венко Филипче и барале решавање на нивните проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.