Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари” кое функционира во рамките на Општина Чаир, во раните утрински часови замина на помош на регионите зафатени од пожарите во Старо Нагоричане, Кумановската област.

Нашите херои на акциите за спасување од ЗДП „Бајрам Мифтари” веднаш одговорија на барањето на Дирекцијата за заштита и спасување за да интервенираат во подрачјата погодени од пожарите.

Општина Чаир и ЗДП „Бајрам Мифтари”, секогаш се целосно подготвени за да им помогнат на регионите погодени од природните непогоди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.