Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ соопшти дека годинава се навршуваат 72 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција 1949-2021.

За таа цел денеска во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, ќе настапат наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“. Учениците ќе изведат претстава, а ќе прочитаат и свои творби – песни, раскази и македонски трудољубиви песни.

Од Здружението потсетуваат дека во текот на годината имаше повеќе манифестации, се спроведуваше проектот „Младите креатори на нашата иднина“, а од 29 јуни до 4 јули годинава имаше камп во Охрид. Манифестациите се одржаа низ повеќе градови под мотото „Да не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.