Денеска во Куманово се формира Алијанса на македонските Бугари – движење за национално единство и спас (АМБ-ДНЕС). Целта на ова граѓанско здружение е „македонските Бугари да се впишат како конститутивен народ на Република Македонија“.

Во соопштението потпишано од претседателот на АМБ-ДНЕС Драган Цветковски се вели дека е „време да се спроведе попис на населението, со што би покажале дека македонските Бугари се релевантен фактор за стабилноста и сигурноста на државата.

Оттаму велат оти македонските Бугари се народ кој веќе е признаен и препознаен во Европската Унија и како такви македонските Бугари ќе бидат дел од македонската европска администрација, каде ќе покажат и докажат дека Република Македонија може и треба да стане дел од семејството на народите на Европската Унија.

Нашиот слоган кој произлегува од вредностите на Европската Унија, доволно покажува колку сме како народ битни за стабилноста и сигурноста на Република Македонија – ние не сме камен на сопнување – туку мост на спојување, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.