Тоа што СДСМ и ДУИ велат дека сега не се потребни предвремени парламентарни избори значи дека дека се исплашени од пораз, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој вечерва гостување во „Дневникот“ на Сител ТВ.
ДУИ и СДСМ велат дека се многу способни и јаки, тогаш бујрум на избори. Но, народот знае добро што се случува во општеството, на последните локални избори кажа за кого е односно викна дека е за промена во Македонија. Сега власта сака со некаков спин да направи нова влада, но нова влада не може да се направи со истите кадри или со истите луѓе кои ќе контролираат од заднина, не може да промовирате нова влада дека ќе прави ДУИ кога е цел живот во сите институции во Македонија, вели Мисајловски.
Тој појасни дека од тие причини ВМРО-ДПМНЕ вели дека парламентарни избори се потребни. Кога и да се случат избори, според него, здружената опозиција ќе победи.
Јас вчера ги погледнав последните мерења и анкетите, ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат избори ќе има предност во пратеници од која било партија во Македонија. Опозицијата здружена ќе победи на следните избори кога и да се случат, затоа власта бега од избори и сета оваа магла со давањето политичка пензија на Зоран Заев е за задржување на позициите од власта и да скријат сè што правеле до сега, со навидум нова влада со истите луѓе, критикуваше Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и дека ДУИ четири години ја „вергла“ темата за премиер Албанец затоа што нема направено никаков капитален проект. Во медиумите, вели тој, често се пишува дека ВМРО-ДПМНЕ е против некоја етничка заедница, но посочи дека на овие избори со новата стратегија „Македонија за сите луѓе“ заедно со здружената опозиција победиле речиси насекаде.
Партискиот лидер Христијан Мицкоски посочувајќи на последното вето од Бугарија, повторно побара да има вонредни парламентарни избори. Тој предложи во февруари или март 2022 да се формира преодна влада на чело со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, а изборите да се одржат во мај или јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.