Кина ѝ ги врати парите на Македонија за вакцината на „Синофарм“, велат од Министерството за здравство, објави Канал 5.

Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината „Синофарм“, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против ковид-19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја – велат од Министерството за здравство.

Вчера опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави дека имаат информации дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека имаат информација дека Македонија нема да ги добие кинеските вакцини во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.