Семејството На 41-годишната беровчанка која пред еден месец почина на Инфективното одделение во Штип се уште го чека извештајот од Лекарската комора. Велат жалосно е и по толку време официјално да не знаат како починала нивната мајка и сопруга. Се надеваат дека комисијата реално ја има разгледано состојбата. Какви чекори ќе преземе семејството, ќе зависи од она што пишува во извештајот.

„Помина цел месец и со оглед на тоа дека имаше иницијатива за разрешување на нашиот случај, сите чекаме решение. Ниту јас се брзам да слушнам одговор, ниту моето семејство. Со тој или без тој одговор ние ќе продолжиме да живееме без мајка ми , но искрено се надевам дека одговорот нема да биде резултатот е целосно различен од состојбата посочена од страна на семејството„- изјави Михаела Довичинска.

Извештајот од стручниот надзор направен од Лекарската комора е готов. Во текот на денот ќе биде доставен до министерот кој откако ќе го разгледа, ќе го презентира пред јавноста. Но смртта на 41-годишната беровчанка не е единствен случај на кој работи Лекарската комора. Стручен надзор се прави за уште седум случаи. Два од нив се веќе готови. Според министерот за здравство, Венко Филипче, Се доцни со извештаите бидејки докторите се преоптеретени.

Тоа се истите колеги интернисти, гинеколози кои се вклучени во работата со Ковид пациенти и навистина се преоптеретени. И разбирам зошто им е потребно повеќе време за да ги разрешатизјави Венко Филипче.

Случајот со смртта на 41годишната беровчанка излезе на виделина откако нејзината ќерка на социјалните мрежи објави листа на повици од кои се гледа како безуспешни се повиците на нејзината мајка за да добие кислород.

Преземено од ТВ Алфа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.