По повлекувањето на статусот за донации за амбулантно возило во Струица, со Фејсбук статус се јави пратеникот Костадин Костадинов. Тој пишува дека е обезбедено возило за струмичката болница и ќе пристигне до крајот на годинава.

Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница, пишува Костадинов на Фејсбук.

Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави.

Го разбирам…

Posted by Kosta Kostadinov on Saturday, 31 October 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.