На Владата денес ќе ѝ предложам здрвствените работници да ги откажат приватните патувања, бидејќи е непредвидливо која земја следна ќе биде на листата земји со висок ризик. Секој здравствен работник ни е драгоцен, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче истакна дека се лоцираат средства за набавка на дополнителни тестови, како и друга неопходна медицинска опрема. Капацитетот на Инфективната Клиника е доволен за овие услови, а приватните болници немаат регистрирано инфективно одделение.
За двајца родители кои работат во ист сектор, ќе треба едниот да биде ослободен. Ова важи и за самохраните родители и за родителите на децата со посебни потреби.
Сите да се придржуваат до мерките кои ги препорачавме. Интензивно работиме во целиот период. Мерката важи и за студентските домови, студентите ќе бидат пуштени дома. Денес на Комисијата беше дефинирана листата на хронични болести, врз основа на која треба да се ослободат од работа, исто е и за бремените жени. Листата ќе биде дистрибуирана подоцна денеска, рече Филипче.
Според него, засега капацитетот на Инфективна е доволен. Има план кој дел од одделенијата би се трансформирале за изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.